Горан Додик, братот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изеде ќотек од навивачите на Црвена звезда, откако непристојно реагираше кон нив за време на дуелот на белграѓани со Игокеа во Јадранската кошаркарска лига. На натпреварот присуствуваше и претседателот, кој веднаш го прати своето обезбедување, но предоцна за да го спаси братот од ќотек. Причина за инцидентот беше реакцијата на Горан, кој неколкупати им покажа среден прст на „Делии“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


