| четврток, 6 декември 2018 |

Осум книги кои секој човек мора да ги прочита

Нил де Грас Тајсон, астрофизичар, космологист, автор на многу книги, истражувачки стории, документарци, зборува кои осум книги мора да ги прочитате во животот за да ги научите основните правила.

1. Библијата
За да научите дека е полесно да Ви каже некој што да мислите и да верувате наместо да размислите сами.

2. Систем на светот, Исак Њутн
За да сфатите дека универзумот може да се осознае.

3. Потекло на видовите, Чарлс Дарвин
За да се погледне нашето сродство со целиот живот на Земјата.

4. Гуливеровите патувања, Џонатан Сфифт
Покрај сите сатирични лекции, да видите дека сите луѓе се нељубезни, бучни и насилни.

5. Доба на разум, Томан Пејн
Знаете, моќта на рационалната мисла е основен извор на слобода во светот.

6. Богатството на народите, Адам Смит
За да се научи дека капитализмот е економија на алчноста, сама по себе сила на природата.

7. Уметност на војувањето, Сун Цу
За да се научи дека чинот на убивање други луѓе може да биде издигнат до ниво на уметност.

8. Владетелот, Николо Макијавели
Да се сфати дека луѓето што не се на власт, ќе направат сѐ за да ја добијат, а луѓето кои ја имаат, ќе направат сѐ за да ја задржат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top