Најмалку 40 лица загинаa во двете експлозиите што одекнаа денеска во турскиот градот Рејханли на границата со Сирија.
Министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер истакна дека две експлозии избувнале пред зградата на општинската администрација во Рејханли. Експлозиите биле предизвикани со два автомобили бомби.
Турскиот прмиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека експлозиите би можело да се поврзани со Сирија каде се води граѓанска војна. Во областа каде што експлодираа автомобилите има помеѓу 20.000 и 25.000 сиријски бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


