
Каталонскиот гигант Барселона повторно следното лето сака да купува од редовите на лутиот ривал Атлетико Мадрид.
Како што пренесува каталонскиот весник Спорт, спортскиот директор на Барса Роберт Фернандез, во средата бил на „Висенте Калдерон“ за да го следи мечот меѓу Атлетико Мадрид и Баерн во рамките од Лигата на шампионите. Тој отишол со една цел, да го скаутира токму стрелецот на единствениот гол Јаник Караско.
Според Спорт, Каталоцните се веќе подготовени следното лето да ја платат целата сума од откупната клаузула која ја има фудбалерот со мадриѓаните. Таа следното лето ќе изнесува 40 милиони евра.
Белгијанецот игра на двете крилни позиции и сигурно може да биде вистинско решение, но сепак како алтернатива за Нејмар и Меси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


