| четврток, 6 декември 2018 |

Славни мајки, кои докажаа дека не мора да се откажете од кариерата кога имате деца

Од појавувања на црвениот тепих, до подготовки за филмови, промовирање албуми и чести патувања… Да се биде славна личност, колку и да изгледа гламурозно, не е едноставна задача.

А, и покрај хаотичниот начин на живеење, како и секоја друга жена, така и славните дами сакаат или веќе се и мајки.

Покрај големите одговорности на работа, тие се грижат и за своите семејства.

Секако, откако еднаш ќе станете мајка, тоа не значи дека треба да заборавите на вашата кариера.

Неколку примери на славни личности кои и покрај тоа што се мајки, не заборавиле на својата кариера:

1. Гвинет Полтроу

Таа вели дека кога нема време сама да зготви, на своите деца им дава органска храна.

2. Ким Кардашијан

Ким тврди дека најважно е покрај себе секогаш да имате пелени. Дури и кога сте на работа, како што таа мора да присуствува на важни настани, модни шоуа…
slavni-majki-koi-dokazaa-deka-ne-mora-da-se-otkazete-od-karierata-ako-imate-deca-2

3. Бијонсе

Некои мајки не сакаат да ги дојат своите деца, а други пак не сакаат да започнат со шишенца. Бијонсе веќе после 10 недели престанала да ја дои Блу Ајви.

4. Рис Витерспун

Минатата година на доделувањето на Златен глобус, Рис изјави на новинарите дека го учи својот син Тенеси сам да врши нужда истовремено додека се концентрира на својата кариера.

5. Блејк Лајвли

slavni-majki-koi-dokazaa-deka-ne-mora-da-se-otkazete-od-karierata-ako-imate-deca-5

Блејк Лајвли е добро позната по тоа што никогаш не се откажа од снимање на филмови и покрај тоа што во моментот беше бремена со своето второ дете и се грижеше за своето прво.
6. Џесика Алба

Џесика успеа истовремено да отвори свој бизнис, да глуми и да се грижи за своето семејство.

slavni-majki-koi-dokazaa-deka-ne-mora-da-se-otkazete-od-karierata-ako-imate-deca-6

Извор: црнобело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top