Австралија е посеверно од тоа што досега се мислело. Овој континент од 1994 година се поместил северно за еден и пол метар.
Тоа можеби и не изгледа како огромно патување, но годишното придвижување на Австралија од 6,9 сантиметри кон север во комбинација со ротацијата на Земјата во насоката на стрелките на часовникот е многу брзо според геолошките стандарди.
Движењето на Австралија е предизвикано од поместувањето на тектонските плочи што ја сочинуваат Земјината површина. За споредба, севеноамериканската плоча годишно се поместува за 2,54 сантиметри.
Тектонските плочи се движат со различни брзини бидејќи се со различна големина, облици и на нивното движење влијаат различни услови.
Благодарение на движењето земјите со различни брзини и во различни насоки, постоечките модели за Земјата наскоро ќе застарат, па дури и за неколку сантиметри.
Ова, меѓутоа, не е проблем само за картографите и географите. ГПС координатите се пресметуваат на основа на моделите на Земјата. Со поместувањето на Австралија, ГПС станува сè понеточен.
Но, ни тука не престануваат проблемите. Само неколку сантиметри можат да направат разлика во ефикасноста на системите кои се засноваат на ГПС. Рудничките компании во Австралија се потпираат на ГПС со него ги контролираат камионите кои се оддалечени на илјадници километри.
Кога зборуваме за автомобилите кои возат сами, грешка од еден метар може да доведе до несреќа.
Географската должина и ширина на Австралија формално ќе се преправи кон крајот на годината, за да може и ГПС нормално да работи. Последните 50 години слични промени биле правени 4 пати, а последен пат во 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.