Гвинет Полтроу замина во Кабо, Мексико за да го прослави нејзиниот 44-ти роденден, заедно со неколку пријатели.
Русокосата убавица беше забележана како ужива на плажа во црно-бел костим за капење. Косата и беше фатена во пунџа, а очите и беа покриени со наочари.
Гвинет изгледаше прекрасно како и секогаш додека се сончаше на плажата, фалејќи се со нејзинато зачудувачки витко тело. Горниот дел од костимот за капење и беше со асиметричен дизајн, а долниот дел со висок струк.
Таа дозволи да се покаже нејзината природна убавина во опуштената фотографија, на која се гледа дека таа ужива во зајдисонцето додека и се смее на камерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.