| четврток, 6 декември 2018 |

Гвинет Палтроу проговори за бившите

00038802

Актерката Гуиент Палтроу, проговори за поранешните партнери и призна дека жали што нема направено секс касета со Бред Пит. Британската ѕвезда започна врска со американскиот актер во 1995 година, кога двајцата го снимаа заедно, хит филмот „Седум“.

Во интервју со Хаурд Стерн 43 годишната Палтроу, се пошегува дека пропуштила да сними еротски сцени со поранешниот дечко, како и да си разменува со него пикантни пораки.

– Знаеш што е најлошото? Нашата врска беше пред телефоните да имаат камера. Затоа од тогаш немам ништо, рече актерката.

vintage-love-brad-gwyneth-2

Таа исто така призна, дека Бред бил премногу добар за неа.

– Јас дефинитивно се заљубив во него. Тој беше толку прекрасен и сладок. Сакам да кажам … тоа беше Бред Пит. Јас бев дете, не бев подготвена за тоа, а тој беше премногу добар за мене, раскажува ѕвездата.

75880173-1

Гвинет откри детали и за друг свој познат поранешен партнер, Бен Афлек.

– Тој се наоѓаше во лош период од животот за да има девојка, рече таа, додавајќи дека актерот воопшто не бил подготвен да има сериозна врска.

Gwyneth-got-sweet-kiss-forehead-from-her--boyfriend-Ben

Актерката за прв пат зборуваше и за разделбата со поранешниот сопруг, фронтменот на „Coldplay“, Крис Мартин. Пред разделбата двајцата беа заедно 10 години. Палтроу рече дека секогаш ќе го чувствува Крис како близок роднина.

– Јас го почитувам, бидејќи тој е татко на моите деца, додаде актерката.

– Кој рече дека не ја одобрувам Џенифер Лоренс, праша реторички таа за новата партнерка на нејзиниот поранешен сопруг.

1395847736_chris-martin-gwyneth-paltrow-zoom

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top