| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната пензија е зголемена за 70%, минималната за 90% – ново зголемување за 670 денари од декември

Ноемвриската пензија која пензионерите ќе ја земат на почетокот на декември ќе биде зголемена за 5 проценти, согласно ветеното зголемување кое претходно го има дадено Владата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој присуствуваше на промоција на книги од едицијата „Македонски искушенија“.

Тој истакна дека пензионерите ќе добијат ново зголемување од 670 денари кое на годишно нивно е зголемување од околу 8000 денари.

-Досега со зголемувањата на пензиите просечната пензија е зголемена за 70, а минималната за 90 проценти, истакна Груевски.

Тој посочи дека и покрај негативното влијание кое политичката криза го има врз економијата, Владата претходно донела мерки со кои ќе се заштити македонската економија, а во исто време се реализираат и ветените проекти во корист на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top