Враќањето во Лигата на шампионите, навивачите на Легија Варшава го прославија со импресивна кореографија, а потоа следуваа низа на инциденти на трибините меѓу навивачите. УЕФА не ги занемари немирите и несаканите случувања на трибините од пред десет дена, па клубот денес ја доби и својата казна.
Следниот натпревар во рамки на најелитното клупско натпреварување во Европа, оној против Реал Мадрид закажан за 2 ноември, Легија ќе го одигра без публика. Покрај тоа, раководството на клубот ќе мора да плати и парична казна во висина од 80.000 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.