| четврток, 6 декември 2018 |

Момче прободел друго момче, повредениот задржан на лекување

Вчеравечер во 21.50 часот од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив било донесено лице со повреда во пределот на слабината, нанесена од остар предмет со длабочина од 1 см и ширина од 2 см. На лицето му била укажана медицинска помош и истото ќе биде задржано за натамошно следење на неговата здравствена состојба.

Од преземени мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21.00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел убодна рана на шеснаесетгодишник од с.Мислодежда.

Од тринаесетгодишниот малолетник со потврда било одземено џебно ноже за понатамошна постапка.

По целосно комплетирање и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top