Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска упати покана до Здружението на новинари на Македонија да не ја бојкотираат јавната расправа за Нацрт- законот за медиуми и аудиовизуелни услуги со неучество и да се приклучат со свои забелешки и ставови. Ивановски додаде дека расправата ќе продолжи се додека има конкретни, издржани препораки и критики од страна на сите засегнати страни.
– Имавме голем број состаноци со уредници, со Македонската асоцијација на новинари, упативме неколку пораки до Здружението на новинари на Македонија, но се уште не сме добиле ниту предлози од нив, ниту биле прифатени нашите пораки. Би сакал да апелирам уште еднаш, на формален или неформален начин, доколку има интерес од нивна страна да дојдат и да дискутираат или, пак, да ги достават нивните предлози до нас во однос на законот за медиуми – изјави Ивановски денеска на прес-конференција за процесот на дигитализација на телевизиските станици во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто експресно се менува постоечкиот закон за медиуми кој ОБСЕ го оцени како европски?
-
МАН со осуда за изјавата на Ванхауте: Вашата изјава е говор на омраза и расизам
-
ВМРО-ДПМНЕ со конструктивен предлог до СДСМ: Изберете еден од европските закони за медиуми
-
МАН е за изборен кодекс, не ги прифаќа предлозите на Ванхауте и СДСМ