Македонските и грчките погранични служби трагаат по грчки државјанин кој пред околу три дена од Република Грција се упатил во правец на планината Кајмакчалан, по што му се губи секаква трага, па се претпоставува дека се изгбил на планината на македонска територијата.
Синоќа по полноќ за таа цел на граничниот премин „Меџитлија“, грчките погранични органи контактирале со македонските служби и побарале помош во потрагата по исчезнатиот грчки државјанин. МВР веќе испратило патролен тим во реонот на селото Живојно, а во потрагата се вклучени и локални жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.