| четврток, 6 декември 2018 |

По три недели пауза: Кино „Милениум“ пак работи

По три недели пауза повторно е во функција скопското кино „Милениум“.
– По само триседмичен „принуден одмор“, токму на 12. издание на „Бела ноќ“, старото добро градско кино „Милениум“ се враќа на работа, како и секогаш, вообичаено ветувајќи и исполнувајќи: редовен репертоар со најсвежи и најтазе филмски наслови. 
Покривната конструкција, звучната изолација, оштетените клима-уреди, се заменети и целосно обновени. Вака стокмени, в сабота, 1 октомври, кинисуваме со премиера на македонскиот кандидат за „Оскар“, филмот, „Ослободување на Скопје“. По официјалната премиера, ексклузивно, во договор со продуцентскиот тим на филмот, „Бела ноќ“ во согласност со традицијата ќе има бесплатни проекции на „Ослободување на Скопје“ од полноќ, 00:00 часот, 02:00, 04:00, и 06:00 часот – соопштуваат од „Милениум“.
Билети за бесплатните проекции може да подигнете од билетарницата на кино „Милениум“, почнувајќи од петок, 30 септември, од 10:00 часот. Еден посетител може да подигне најмногу два билета.
Поради временските услови (ниските ноќни температури), најавеното кино под отворено небо на школката во Градскиот парк се откажува до следната подобра околност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top