Во една куќа во северниот дел на Будимпешта е најдена советска бомба од Втората светска војна тешка 65 килограми, соопшти портпаролката на војската.
Таа додаде дека е во тек евакуација на таа област.
Авионската бомба ФАБ 50, која содржи 25 килограми експолозив, е откриена додека се работело на обнова на една станбена зграда. Полицијата ја блокираше областа во која се наоѓаат околу 500 куќи и една здравствена институција.
Стручни лица за деактивирање на експолозивни направи се на местото каде што е пронајдена бомбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.