| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ дополнително ќе се засилува, прва цел на Емери е Карлос Бака

karlos-baka

Францускиот првак Пари Сен Жермен не го стартуваше најдобро новиот шампионат на Франција, а на удар е и тренерот Унаи Емери, кој ова лето дојде на „Паркот на принцовите“ на местото на Лорен Блан. Тој делумно го реновираше составот по своите замисли, но остана празнина во нападот со заминувањето на Златан Ибрахимовиќ. Како солуција беше замислен Хатем Бен Арфа, но тој не се покажа во вистинско светло, па во последните неколку меча воопшто не е во комбинациите на Емери. Токму затоа тренерот на ПСЖ бара нов напаѓач кој би дошол уште во зимскиот преоден рок, а прв „пик“ е Карлос Бака.

Емери одлично ги знае квалитетите на Бака од периодот кога тој го носеше дресот на Севилја, а Колумбиецот прикажува добри игри и во дресот на Милан. Тренерот на ПСЖ смета дека тој би бил идеално решение за пополнување на празнината во навалниот ред на „светците“ и ќе побара од раководството да се обиде да го доведе веќе во јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top