| четврток, 6 декември 2018 |

Татко си ги убил двете малолетни деца па се обидел да се самоубие

Две малолетни деца се убиени во средата вечерта во месото Липницa крај Тузла, а како убиец е идентификуван нивниот татко, кој по ова безумно злосторство се обидел да изврши самоубиство.

Портпаролот на полицијата на Тузланската полиција, Изудин Шариќ, потврдил дека се убиени две деца, и оти нивниот татко во тешка состојба е префрлен во болница. „Мажот пукал во двете деца, а потоа се обидел да изврши самоубиство“, рекол Шариќ по злосторството извршено по 20 часот во средата. Електронското издание на дневниот весник Dnevni avaz објави дека станува збор за 32-годишниот Неџат Џедовиќ. Тој во својот автомобил од огнено оружје ја застрелал дванаесетгодишната ќерка и синот на пет ипол годишна возраст.

Потоа истрелал неколку куршуми во себеси. Девојчето било убиено на самото место, а момченцето уште давало знаци на живот кога пристигнала итната помош, но набрзо и тоа починало. Полицијата се обидува да го разјасни мотивот за оваа трагедија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top