| четврток, 6 декември 2018 |

Легија кажа кои функционери ги нарачаа убиствата на Ѓинѓиќ и на Ќурувија

Доживотен затвор не ги решава нерасветлените убиства за кои не постои политичка волја да бидат расветлени. Извршителите се во затвор, нивното време зад решетките тече, а нарачателите се на слобода, многу често и на позиција повторно да бидат нарачатели.

Такви се убствата на српскиот новинар Славко Ќурувија, убиен во 1999 година пред зградата во којја живеел, и на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, убиен во март 2003 година пред зградата на Владата во Белград.

Извршителите на убиството на премиерот беа фатени и експресно осудени на 40 години затвор, максимална затворска казна во Србија, но нарачателите и по 13 години се во фотелјите.

Немам што уште да кажам, освен она што веќе го изјавив, рекол вчера некогашнот командант на Единицата за спацијални операции Милорад Улемек Легија, сведочејќи во Специјалниот суд на судење за убиството на новинарот Ќурувија.

На прашањето на тужителот дали се плаши, дали му е страв, Улемек рекол дека веќе 20 години му се закануваат поради ова судење, но не сакал да каже кој му се заканува. Јас ќе го решам тоа, рекол Улемек, а на забележката на заменик-тужителот како кога е во затвор, кратко одговорил „Не грижете се вие за тоа“.

Извор од Специјалниот суд во Белград тврди дека Легија без престан повторувал дека е време да се открие вистината за Чедомир Јовановиќ и дека е чудно што за тоа ништо не го прашуваат. Наводно рекол дека правиот наркобос е токму Јовановиќ, а не Душан Спасојевиќ, кој не моел ништо да направи без политичка поддршка.

Сведок на судењето за убиството на новинарот Славко Ќурувија, Милош Симовиќ, кој ја излежува својата казна затвор за вмешаност во убиството на Ѓинѓиќ и за други злосторства, уште пред две години пред обвинителството изнел кој политичар го наредил убиството на Ѓинѓиќ.

-Не сум задоволен од работата на овој суд. Јас кажав кој политичар нарди да се убие Ѓинѓиќ, а тие ме прашаа само што знам за убиството на Ќурувија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top