Порноснимките на Дара Бубамара се хит во регионит, а на нив не се имуни ниту политичарите. А и таа не е имуна на нив. Како што дознава Курир.рс, пејачката му фрлила око на згодниот Чедо Јовановиќ, па преку заеднички пријатели му испратила неколку порноснимки.
На разведената фолкерка ѝ се допаѓа претседателот на ЛДП, но бидејќи немала можност да го запознае, замолила заеднички познаник да му ги покаже нејзините експлицитни слики.
-Дара не сакаше директно да стапи во контакт со него, туку преку посредници. Чеда не коментираше ништо додека брзински ги гледаше нејзините слики. Подоцна рече дека не сака да се плетка со неа, бидејќи е оженет.
За потврда Чеда не одговарал на повиците на новинарите на српски Курир, додека Бубамара во свој стил пораче дека е среќна што нејзините фотографии усреќуваа мажи.
-Апсолутно не ме интересира што ќе речат политичарите! Моите голи фотографии ги видоа и птиците на гранка. Драго ми е, што некому моите слики ќе му го разубават животот. Сакам да им правам убаво на луѓето, вели фолкерката.
И натаму тврди дека фотографиите и се украдени, и дека таа лично на ниту еден маж не ги испратила.
-На суд ќе докажам кој ги украде сликите од мојот телефон и кому му се дадени. Ниту сум ги испратила на Чедо, ниту на Ѓуро, ниту на Перо, заклучува Бубамара.
Куме, зарем и ти?
Дара мора да плати оштета од милион динари на кумот Ненад Дрљан кого го обвини дека во јавност ги пласираше нејзините порно-снимки, за што пишуваше српски Курир. Ненад во март ја тужеше пејачката за повреда на угледот и честа и неодамна успеа да добие на суд.
-Треба да се засрами. Само тој ја имаше шифрата од мојот телефон, рече Дара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.