| четврток, 6 декември 2018 |

Србија, по 22 години, повторно извезува автомобили во САД

fiat srbija izvoz

Србија, по некогаш популарното „yugo“, повторно започнува да извезува автомобили во САД, а во првиот контигент ќе бидат испратени 3.100 автомобили од моделот „fiat 500 L“, кој од минатата година започна да се произведува во фабриката во Крагуевац.

Планирано е „Фиат“ месечно да извезува по 3.000 автомобили на американскиот пазар, вклучително и новиот модел „500 XL“, кои ќе почне да се произведува кон крајот на мај.

Верзијата која се пласира во САД е поразлична од таа за српскиот пазар и е специјално подготвена по барањата и стандардите на еден од најпробирливите пазари на автомобилската индустрија.

Поради зголемената побарувачка за автомобилот „500 L“, неодамна во српско-италијанската фабрика „Fiat automobili Srbija“ во Крагуевац воведена е трета смена, а за последните два месеци вработени се над 500 работници.

Србија годинава очекува 1,6 милијарди долари приходи од извоз на автомобили од фабриката во Крагуевац, која се очекува да произведе 160.000 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top