| четврток, 6 декември 2018 |

Лесно се лути, бргу си оди: Катица Јанева е непрофесионална и неука

Со плата од 3000 евра, специјалната обвинителка има обврска да даде извештај и да одговара на прашањата поставени од пратениците и од Советот на јавни обвинители. Согласно Законот за Специјалното јавно обвинителство, Јанева треба да доставува извештај за својата работа до Советот на обвинители и Собранието на Република Македонија на секои шест месеци. Иако од салата излезе смртно навредена, пред салата даде изјава во која рече дека е задоволна од начинот на кој течела седницата и во иднина се надева на поголема соработка со Советот на јавни обвинители

Напуштањето на седници на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ѝ стана пракса. Откако во понеделникот ја напушти собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како што рече, поради мобинг и навредливи прашања од пратениците, денеска ја напушти и седницата на Советот на јавни обвинители, наведувајќи ја истата причина како образложение- мобинг од страна на обвинителите. Обвинителите пак сметаат дека Јанева е крајно непрофесионална, не си ги извршува своите обврски, не сака да одговара на прашања и не го почитува Советот.

Top