| четврток, 6 декември 2018 |

До овој американски град се стига само преку Канада: Појнт Робертс 200 години трпи што по грешка завршил во друга држава

Американскиот град Појнт Робертс има многу необична приказна, зашто блсагодарение на проблематичното „правило на 49 паралела“ завршил во друга земја

Дипломатите кои присуствувале на американско-британската конвенција во 1818 година имале тешка задача: да ја одредат границата меѓу САД и Канада. За да се избегнат контроверзи и конфузија, двете земји се договириле на поедноставо решение – границата ќе биде 49 паралела.

Секако, се јавиле бројни проблеми, а еден од нив бил и островот Ванкувер, кој имагинарната линија го поделила на половина. Отворена е расправа дали островото треба да се подели или да ѝ се препушти на едната земја, а решението е постигнато во 1856 година кога островот Ванкувер ѝ бил предаден на Канада, а Сан Хуан му припаднал на САД.

Wikipedia, Pojnt Roberts

Појнт Робертс

Сите мислеле дека со тоа се решени сите проблеми со границата, меѓутоа, тогаш се појавил нов проблем. Со оглед на тоа што познавањата на географијата во тоа време биле ограничени, Американците и Британците целосно го превиделе полуостровот Цавасен.
Овој полуостров тогаш бил целосно непознат, меѓутоа, кога бил откриен, било предоцна. Договорот по грешка го „отсекол“ врвот на полуостровот и така далот на канада им го дал на САД.
Wikipedia, Znak upozorenja na granici u Pojnt Robertsu

Предупредување на границата во Појнт Робертс

Денес на овој крај на полуостровот се наоѓа американското гратче Појнт Робертс, Едиснтвениот копнен пат до градот води низ Канада.
Оваа географска брканица создала некои навики кои денеска го дефинираат животот на луѓето во оваа област. Така, на пример, секој ден голем број Канаѓани доаѓаат во Појнт Робертс за да купат намирници и гас, кои се за третина поевтини во САД одошто во канада. Исто така, Канаѓаните го посетуваат гратчето и поради среднопечените бургери, кои поради строгите порписи се забрането во Канада.

Profimedia, Pojnt Roberts

И покрај бројните поволности, одржувањето на географски изилираниот град е многи тешко. Окрижните власти не вложувале во инфраструктура, работата се развива бавно, а многу услуги се недостапни, поради што луѓето треба да патуваат до САД преку Канада.
Без оглед на аргументите за и против животот во Појнт Робертс, овој град останува сведоштво на приспособливоста на луѓето и на необичните резултатити кои можат да произлезат од човечките грешки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top