Денеска не очекуваат осум нови натпревари во Лигата на Шампионите во групите А, Б, Ц и Д. Во еден од нив, Атлетико Мадрид на Диего Симеоне ќе го пречека германскиот шампион, Баерн Минхен во репризата од минатогодишното полуфинале. Тогаш, „јорганџиите“ беа поуспешни од екипата предводена од Гвардиола и успеаја да стигнат до ново големо финале. Пред денешниот натпревар, двете екипи влегуваат со по три бода од првото коло, а во игра ќе биде првото место во групата, кое е значајно за понатамошната фаза од натпреварувањето.
Ова би била шанса за баварската екипа да се одмазди за болната елиминација од пред пет месеци. Исто така, ова би можело да биде прва голема победа за новиот тренер Карло Анчелоти, кој направи се што требаше од почетокот на сезоната. Победи на осум последователни натпревари, а во првото коло од ЛШ убедливо славеше во Ростов со 5-0. Очекувањата кај германскиот шампион се шеста титула во Лигата на шампионите, а кој би бил подобар предводник од Италијанецот, кој во три наврати се закитил со европската круна.
Вечерва љубителите на најважната споредна работа на светот, ќе уживаат во уште еден шпанско-германски дуел. Екипата на Борусија Менхенгладбах ја пречекува Барселона во натпревар во кој „каталонците“ се огромни фаворити. По дебаклот кој го доживеаја на првиот натпревар во Манчестер, Борусија ќе бара изненадување за да остане во игра за следната рунда на пролет.
Со отсуството на Лионел Меси, одново нападот Барселона ќе го предводат Нејмар и Суарез, со дополнителна помош од Алкасер, или пак, Рафиња. Во вториот натпревар од групата Ц, Селтик ќе ја пречека екипата на Манчестер Сити на Гвардиола, која не знае за пораз од почетокот на новата сезона.
Скапиот состав на ПСЖ по ремито на „Паркот на принцовите“ со Арсенал рехабилитацијата и првите три бода ќе мора да ги бара во Софија. Бугарскиот шампион Лудогорец кој е аутсајдер сепак има состав да направи уште изненадување по она од првото коло против Базел кога извлече бод.
Во групата А, Арсенал ќе го нагости Базел, додека ПСЖ ќе гостува во Бугарија кај Лудогорец, Најнеатрактивни навидум изгледаат паровите во групата Б, каде Наполи ја пречекува Бенфика, а Динамо Киев ќе гостува во Турција, кај екипата на Бешикташ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.