Вчера во 12.00 часот во Јавната здравствена установа Гевгелија без знаци на живот бил донесен Т.С. (40) од Гевгелија.
По добиената пријава, од страна на Основното јавно обвинителство, екипа од Полициска станица и НК за КР Гевгелија и трудов инспектор, излезено било на местото на настанот и било констатирано дека околу 11.00 часот во с.Николиќ, дојранско, во кругот на „Дојран Стил“, Т.С. при вршење на работни задачи како вработен во ТД „Нов Дом ДООЕЛ“ Гевгелија бил потиснат од метална решетка. Истиот од здобиените повреди починал на пат кон болницата.
По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.