| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли зошто патничките авиони скоро секогаш се бели?

Дали некогаш сте се прашале зошто патничките авиотни секогаш имаат бела боја. Британскиот весник „Сан“ наведува неколку главни причини.

На белата боја најлесно се забележуваат пукнатини, течење на масло или други проблеми што можат да се појават на авионот, осигурувајќи на тој начин дека и најбрзо можат да се поправи.

Белата боја најдобро ја рефлектира светлосната топлина, така што е најдобра за спречување на загревањето на металот на авионот.

Во случај на судар или турбулентно време, белата боја најмнгу се забележува и не бледнее.

Бојадисувањето на авионот е долга и напорна работа, но поисплатлива од бојадисување во друга боја. За да се обои целиот авион потребно е меѓу два дена и две недели, зависно од буџетот со кој се располага.

Исто така, компаниите ретко купуваат авиони што не се бела боја, па со самото тоа фарбањето во друга боја е неисплатлива работа.

Вести од истата категорија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top