| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Киров: Кариерата секогаш ми била број еден во животот!

Ре­пер­то­а­рот на Ба­ле­тот во Сплит ќе оста­не кла­си­чен, ни­ко­гаш не­ма да го пре­пра­вам во мо­де­рен, не са­кам да го ме­ну­вам, ни­ту, пак, тоа ми е цел­та, но ќе ги сле­ди­ме и за­пад­но­- е­вроп­ски­те трен­до­ви, ве­ли Ки­ров

Хр­ват­ски­те ме­ди­у­ми из­ве­сти­ја де­ка на ме­сто­то на Дин­ко Бог­да­ниќ, кој до­се­га бе­ше вр­ши­тел на долж­ност ди­ре­ктор на Ба­ле­тот на ХНК – Сплит, до­а­ѓа Ма­ке­до­не­цот Игор Ки­ров. Ки­ров за та­мош­ни­те ме­ди­у­ми из­ја­ви де­ка не­ма збо­ро­ви со кои би ја опи­шал ра­до­ста, за­до­волс­тво­то и сре­ќа­та што има ан­самбл ка­ков што е сплит­ски­от. Го за­те­ков­ме Игор до­де­ка се од­мо­ра­ше во Скоп­је, не­кол­ку де­на пред да за­ми­не за Бел­град, па по­доц­на и во Сплит, па по­раз­го­ва­рав­ме за но­ва­та функ­ци­ја, пла­но­ви­те, го­сту­ва­ња­та, ка­ри­е­ра­та…

igor-kirov-kult211-3

Наз­на­чен сте за ди­ре­ктор на Ба­ле­тот на ХНК – Сплит. Ка­ко ја до­че­ка­вте оваа ин­фор­ма­ци­ја? И што зна­чи за Вас оваа функ­ци­ја?

Киров: Се­кој од нас ка­ко чо­век и ка­ко умет­ник има не­што за што со­ну­ва. Са­кав да би­дам играч, да ус­пе­ам во тоа што го пра­вам и ус­пе­ав да стиг­нам до не­кое ни­во, да на­пра­вам ка­ри­е­ра од 18 го­ди­ни, но до­де­ка ја гра­дев ка­ри­е­ра­та ка­ко играч зна­ев де­ка имам по­тен­ци­јал и пра­вев и ко­ре­о­гра­фи­ја во исто вре­ме. Та­ка што до­де­ка ед­на­та ка­ри­е­ра оде­ше во на­гор­на ли­ни­ја, дру­га­та се спу­шта­ше. Во ме­ѓу­вре­ме, поч­нав да се за­ни­ма­вам и со пе­да­го­шка ра­бо­та, та­ка што из­гра­див ка­ри­е­ра што ме но­се­ше од ед­но на дру­го ни­во и на кра­јот ста­нав ди­ре­ктор на Ба­ле­тот на ХНК – Сплит. Уба­во е ко­га во про­фе­си­о­нал­ни­от жи­вот сѐ ќе дој­де по­ле­ка, ска­ли­ло по ска­ли­ло, а не одед­наш да скок­неш три ска­ли­ла на­го­ре. Дра­го ми е за се­то тоа што сум го на­пра­вил до­се­га, поч­ну­вај­ќи од пр­ви­те че­ко­ри во Пи­о­нер­ски­от дом во Штип, па сѐ до де­не­ска, тоа сум го пра­вел го­ле­ма страст кон ра­бо­та­та.
Овој из­бор за ме­не прет­ста­ву­ва ед­но го­ле­мо приз­на­ние би­деј­ќи сме­там де­ка на­пор­но и вред­но ја ра­бо­тев сво­ја­та ра­бо­та, со го­ле­ма љу­бов и со жел­ба, и за­тоа сме­там де­ка ус­пе­хот е не­из­бе­жен. Се на­де­вам де­ка ќе би­дам до­бар ди­ре­ктор би­деј­ќи не се­ко­гаш ва­жи пра­ви­ло­то де­ка ако си до­бар ко­ре­о­граф или тан­чар, ќе би­деш и до­бар ди­ре­ктор. Сме­там де­ка мо­е­то 20-го­диш­но ко­ре­о­граф­ско искус­тво, ра­бо­та­та со по­ве­ќе ди­ре­кто­ри и ко­ре­о­гра­фи ќе ми по­мог­не да ра­бо­там та­ка ка­ко што са­кам. Би­деј­ќи ова е по­ве­ќе ме­на­џер­ска ра­бо­та, ко­ја се за­ни­ма­ва со тоа на кој на­чин ќе ја по­ста­виш се­зо­на­та, на кој на­чин ќе се ор­га­ни­зи­ра­ат тур­не­и­те, го­сту­ва­ња­та, ќе но­сиш но­ви пе­да­го­зи итн. Сме­там де­ка со мо­е­то 20-го­диш­но искус­тво, и пре­ку ра­бо­та­та со „Бал­кан денс про­џект“ и „Ки­ров денс ком­па­ни“ со кои ус­пе­ав­ме да го­сту­ва­ме во Па­на­ма, Ко­ре­ја, Гер­ма­ни­ја, со лу­ѓе­то низ све­тот со кои со­ра­бо­ту­вам, ќе го по­диг­нам уште по­ве­ќе ни­во­то на сплит­ски­от ба­лет.

igor-kirov-kult211-2

Из­ве­сен пер­и­од ра­бо­ти­те со ан­самб­лот на Ба­ле­тот во Сплит. Ги зна­е­те игра­чи­те, нив­ни­от та­лент, мож­но­сти­те… Ка­ко прв чо­век на оваа ку­ќа, ка­ква про­гра­ма има­те на ум? Ќе има ли не­ка­кви но­ви­ни во ре­пер­то­а­рот?

Киров: ХНК – Сплит е на­ци­о­нал­на ку­ќа и та­ка ќе оста­не во пог­лед на про­гра­ма­та. Се­ко­ја та­ква ку­ќа пра­кти­ку­ва кла­си­ка и кла­си­ка­та ќе оста­не број еден, но ако ги сле­ди­ме за­пад­но­е­вроп­ски­те трен­до­ви, се­ка­де ве­ќе на За­пад ед­на на­ци­о­нал­на ку­ќа не игра са­мо кла­си­ка за­тоа што зна­еш што да оче­ку­ваш во „Ле­бе­до­во езе­ро“, во „Жи­зел“ или во “Ро­мео и Ју­ли­ја“, но ко­га ста­ну­ва збор за мо­дер­но, то­гаш не мо­же да се знае од­на­пред што да се оче­ку­ва. Ако пуб­ли­ка­та са­ка да ви­ди не­што дру­го, да открие не­ко­ја но­ва сфе­ра на по­сто­е­ње, на има­ги­на­ци­ја, тоа е дру­го, та­ка што ре­пер­то­а­рот се­ка­ко ќе би­де по­де­лен на по­ло­ви­на. Тоа се по­ка­жа и пре­ку мо­ја­та прет­ста­ва „5 до 12“, ко­ја ус­пеа два­е­сет па­ти да ги на­пол­ни са­ли­те, и тоа се­дум­на­е­сет па­ти во згра­да­та на ба­ле­тот и три го­сту­ва­ња над­вор.
Ре­пер­то­а­рот на Ба­ле­тот ќе оста­не кла­си­чен, ни­ко­гаш не­ма да го пре­пра­вам во мо­де­рен, не са­кам да го ме­ну­вам, ни­ту, пак, тоа ми е цел­та, но ќе ги сле­ди­ме и за­пад­но­е­вроп­ски­те трен­до­ви. Еве мо­ја пр­ва ба­лет­ска прет­ста­ва ка­ко ди­ре­ктор та­му ќе би­де „Сел­фи­да“, пре­ми­е­ра­та е за­ка­жа­на во март, а за за­тво­ра­ње на се­зо­на­та пред­ви­ду­вам „тројна про­гра­ма“, ко­ја се ви­ка „Исток – За­пад“ би­деј­ќи ќе учес­тву­ва­ат еден ко­ре­о­граф од источ­на Евро­па и еден ко­ре­о­граф од за­пад­на Евро­па и јас, та­ка што на овој на­чин са­кам да по­ка­жам ка­ко се ра­бо­ти на За­пад, со вклу­чу­ва­ње на три раз­лич­ни сти­ло­ви на игра, што за игра­чи­те е пре­диз­вик, а пуб­ли­ка­та мо­же да из­би­ра и на тој на­чин се еду­ци­ра.

 

Во из­ми­на­ти­ов пер­и­од ра­бо­те­вте во Ср­би­ја, Хр­ват­ска, Гер­ма­ни­ја, Швај­ца­ри­ја, Хо­лан­ди­ја, Ав­стри­ја… Ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка на „Охрид­ско ле­то“ и на сце­на­та на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет ги ви­де ва­ши­те прет­ста­ви : „5 до 12“, „Цр­ве­на­та со­ба“… Ќе има­ме ли мож­ност на­бр­гу по­втор­но да гле­да­ме не­ко­ја од Ва­ши­те ко­ре­о­гра­фии? Или мо­же­би го­сту­ва­ње со ан­самб­лот од Сплит?

Киров: Јас лич­но са­кам да дој­дам во Скоп­је. Се­га сѐ уште сум во пре­го­во­ри, не­ма да откри­вам де­та­ли, но са­кам да дој­дам во Скоп­је и во Штип. Осо­бе­но отка­ко доз­нав де­ка Штип и Сплит се збра­ти­ме­ни гра­до­ви, а јас по­тек­ну­вам од Штип, та­ка што се­га уште по­ве­ќе са­кам да ѝ да­дам на пуб­ли­ка­та не­што но­во и би бил сре­ќен до­кол­ку ус­пе­е­ме да го­сту­ва­ме и во Ве­лес, Би­то­ла и во не­кои дру­ги гра­до­ви за­тоа што сме­там де­ка пуб­ли­ка­та тре­ба да ви­ди и не­што по­и­на­кво. Мо­ја жел­ба е до­кол­ку дој­дам со ХНК – Сплит во Ма­ке­до­ни­ја, да се го­сту­ва не са­мо во Скоп­је, ту­ку и во дру­ги­те гра­до­ви.

igor-kirov-kult211-4

Нај­го­лем дел ра­бо­ти­те ка­ко тан­чар, по­тоа ко­ре­о­граф, па про­фе­сор и еве се­га ди­ре­ктор на Ба­ле­тот во Сплит. Ка­де Игор Ки­ров, при­ват­но, се чув­ству­ва ка­ко на свој те­рен?

Киров: Ни­ка­де. Ка­ри­е­ра­та се­ко­гаш ми би­ла број еден во жи­во­тот. Уште ко­га поч­нав да ра­бо­там при­о­ри­тет ми бе­ше мо­ја­та ка­ри­е­ра и мис­лам де­ка за­се­га ќе оста­не та­ка. Се­га сум во Сплит, а та­му уште ко­га вле­гов во гра­дот и го вди­шав ми­ри­сот на мо­ре­то ме об­зе­де не­кое спо­којс­тво, уба­ви­на… и до­вол­но ми е да про­ше­там по­крај бре­гот за да се сми­рам. Мис­лам де­ка ќе ми би­де уба­во та­му и де­ка ќе се чув­ству­вам ка­ко до­ма, иа­ко до­ма се­ко­гаш ќе би­де Штип.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 211. број на неделникот „Република“, 16.09.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top