Легендарниот играч на Милан и холандски репрезентативец Марко ван Бастен е поставен за шеф за технички развој на фудбалската игра во ФИФА, а тој веќе има во план неколку проекти кои би можеле значително да го променат фудбалот. Едно од нив е укинувањето на офсајд ситуациите. На напаѓач секако тие му пречат…
Ван Бастен доби одврзани раце од новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, да се обиде да имплементира неколку новини во фудбалската игра, кои би ја напреднале во целост и уште повеќе би ја зацврстиле на врвот на светската спортска пирамида. Се разбира, претходно Ван Бастен ќе треба да слуѓне многу мислења, да организира дебати, семинари, да собере најразлични искуства.
Со дел од новиините што се предвидуваат, фудбалот навистина би бил многу поинаков. Еве дел од предлозите:
– Укинување на офсајд правилото
– Воведување на зелен картон, по кој фудбалерот би морал да замине надвор од теренот на 10 минути
– Воведување на видео снимка за секоја спорна ситуација
– Да не се сопира времето кога ќе се менуваат фудбалери покрај аут линијата
– Да се продолжи преодниот рок за уште еден месец
– Во секоја земја да има само по едно куп – натпреварување
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.