| четврток, 6 декември 2018 |

Беше секс бомба, драстично се здебели и сега не личи на себе (фото)

seron

Шарлиз Терон е позната како актерка која поради улогата е подготвена на драстични промени. Сите ја паметат нејзината со Оскар наградена улога во филмот „Чудовиште“ поради која го смени личниот опис.

seron2

Пред две години, поради филмот „Лудиот Макс“ ја избричи главата, а и сега поради новата улога се согласи драстично да се промени. Шарлиз во моментот го снима филмот „Тули“ во кој ја толкува улогата на Марло, изморена мајка на три деца на која братот ќе и пронајде дадилка која ќе  и помогне во тешките моменти.

seron3

Облечена во широки фармерки, маица и фланелска коушка, без шминка и со 15 килограми вишок, Шарлиз е фотографирана вчера на снимањето во Ванкувер со актерот Рон Ливингстон, со кого глуми во новото остварување на режисерот Џејсон Рајтман, за кое сценариото го напишала Диабло Коди.

seron4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top