Веднаш откако во јавноста беа презентирани документите за развод кои Анџелина Џоли ги поднесе против Бред Пит, актерот со кратко сооштение ги замоли медиумите да ја почитуваат нивната, но пред се, приватноста на нивните деца.
По сите гласини кои беа објавени во текот на неделата, од тоа дека причина за разводот е неговата агресија, до тоа дека Анџелина е вистинскиот виновник, Пит го прекина неговиот молк. Вчера попладне, тој ја објави втората изјава по почетокот на бракоразводната парница, не спомна ништо во врска со гласините.
Наместо тоа, Пит ја извести јавноста дека нема да присуствува на премиерата на документарецот во кој е наратор и каде најверојатно би бил изложен на прашања од новинарите.
– Документарецот „Voyage of time“ на Теренс Малик е неверојатно убав и уникатен експериментален филм на ‘IMAX’ за деца и фамилии кој го бележи раѓањето на времето. Јас сум многу благодарен што сум дел од толку фасцинантен и едукативен проект, но моментално сум фокусиран на мојата семејна ситуација и не сакам да го оттргнам вниманието од овој извонреден филм, кој препорачувам сите да го видите – соопшти Пит.
Веста дека Џоли и Пит ќе се разведуваат излезе на 20 септември. Актерката како причина за развод ги наведе „непребродиливите разлики“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.