Непосредно пред полноќ синоќа во поморскиот регион на грчкиот остров Родос, е почувствуван земјотрес, јавија грчки медиуми.
Атинскиот сеизмички институт соопшти дрека земјотресот бил со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала.
Потресот бил почувствуван на територијата на целиот остров, а исто така и на околните острови.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 56 километри.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.