На граничниот премин „Ќафасан“ меѓу Македонија и Албанија вчера околу 16 часот биле фатени двајца Италијанци кои се обиделе да влезат во државава и да пренесат 12 килограми марихуана која ја купиле во Албанија и која сакале преку Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, да ја внесат на нарко пазарот во Италија.
Марихуана со ваков квалитет во големопродажба на нарко пазарите во Европа би достигнала цена во износ од околу 30 илјади евра, но доколку би се продавала на мало и до 100 илјади евра.
Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а сторителите се изведен пред надлежен истражен судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







