| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во историјата: Принцот им ги скрати платите на службениците

Саудиска Арабија реши да ги намали платите на државните службеници и тоа првпат во историјата. Државата се решила на овој потег бидејќи се обидува да ја намали јавната потрошувачка во време на ниска цена на нафтата.

Кралството донело декрет со кој платите на министрите треба да се намалат за 20 отсто, а привилегиите за стан и за дополнителни трошоци како и користење на автомобил за сите членови на Собранието за 15 отсто.

На државните службеници кои се пониско во хиерхијата ќе им биде суспендирано зголемувањето на платата, а ќе биде редуцирана прекувремената работа и годишниот одмор.

Околу една третина од работната сила во таа земја е вработена во јавниот сектор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top