| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од утре на настава во општинската сала

И денес наставата за учениците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ се одржа на плоштадот во Тетово, а потоа со масовен мирен протестен марш од околу 250 ученици и исто толку родители и граѓани кои дојдоа да ги поддржат гимназијалците се упатија пред општинската сала барајќи од градоначалничката Теута Арифи да им посочи каде да дојдат на настава утре.

На состанокот со учениците, професорите и со родителите не се појави градоначалничката, туку раководителот на Секторот за образоваие Ахмед Ќазими и директорот на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, Намигќемал Мустафа.

По двочасовната дискусија со нив незадоволни од одговорите на надлежните кои рекоа дека привремено решение е повторно враќање на настава во просториите на Работничкиот универзитет во Тетово едногласно беше кажано од страна на родителите и професорите дека учениците на настава утре ќе дојдат во општинската сала сѐ додека не се донесе решение за нивна интеграција во матичната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top