| четврток, 6 декември 2018 |

„Принцот на Рим“ денеска полни 40 години, среќен роденден капитену!

Ретки се оние спортисти кои се живи легенди на еден клуб, на еден град на една држава. За да се опише нивната голема е потребно многу време, страници, зборови кои секако ќе бидат премалку за да истакне нивната големина.

Рим е град со огромна традиција, историска, културолошка, спортска. Модерниот облик на престолнината на Италија има свој принц, своја икона, легендарниот фудбалер на Рома и долгодишен капитен Франческо Тоти. Еден од ретките спортисти во цел свет кој својата кариера ја поминал во еден единствен клуб. Сите римјани се горди на Тоти без разлика дали се навивачи на „римската волчица“ или пак на Лацио.

francesko-toti

Денеска е празник, денеска е голем ден за Рим и цела Италија, „принцот на рим“ слави 40. роденден. Велат, класата е вечна, а тоа Тоти го покажал многупати досега.

Италијанскиот „Кориере дело спорт“ на Франческо Тоти му го посвети најголемиот дел од своето денешно издание. Роденденски честитки за легендата испратија Лионел Меси, Икер Касилјас, Усаин Болт, Рафаел Надал, Хавиер Занети, Антонио Касано…

fudbaleri

Тој е посебен бренд, еден од ретките, ја игра 25 сезона во дресот на Рома и тука е во друштво со Паоло Малдини, Рајан Гигс, Роџерио Сени, Фриц Валтер, Лав Јашин, Џек Чарлтон, Фрабко Барези, Џузепе Бергоми, Алесандро Костакурта…фудбалери кои најмалку две децении носеа дрес на само еден клуб.

Легендата ќе трае вечно во вечниот град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top