| четврток, 6 декември 2018 |

Жена фатена со црева во куфер, причината не е толку нелогична

Управата на аеродромот во австрискиот град Грац гo доживеала „најчудното откритие во последните години“ откако открила дека патничка низ царината пренела човечки црева.

„Хина“ го пренесува пишувањето на австрискиот печат дека неименувана Мароканка ги понела цревата на починатиот сопруг во Австрија за во таа земја да се испита дали мажот бил отруен. Жената на аеродромот во Грац ги внела неговите остатоци во пластична кутија што ја носела под својата облека. Нејзиниот сопруг умрел во болница во Мароко, а жената е убедена дека тој е отруен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top