| четврток, 6 декември 2018 |

Силни земјотреси во Иран и Оман

Rescue teams search for victims in the earthquake-stricken village of Varzaqan near Ahar, in the East Azerbaijan province

Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска североисточниот дел на Иран, соопшти американскиот Центар за геолошки истражувања, а северната облат на Оман, во близина на градот Ал Хасаб е погодена од земјотрес со интензитет од 6,3 степени.

Според иранските медиуми, во потресот се повредени повеќе лица, а куќите во неколку села се оштетени.

Епицентарот на потресот бил на околу 85 километри југоисточно од градот Минаб, на длабочина од 36,44 километри.

Во потресот се повредени најмалку 11 лица од пет села, кои земјотресот сериозно ги погоди, изјави Махмуд Мозафар, шеф на спасувачката служба на Црвениот крст.

Според првичните извештаи, неколку куќи се срамнети со земја.

Иранскиот сеизмолошки центар забележал серија вторични потреси, со интензитет меѓу 4,1 и 5,2 степени.

Иран се наоѓа на подрачје подложно на потреси. Минатиот месец, во еден од нив, со интензитет од 7,8 степени, загина една жена, додека неколку десетици се повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top