Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ вечерва изјави дека доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик не се појави пред Обвинителството, можно е да издаде наредба за присилно приведување.
– Ако не се појави, а причината за непојавувањето биде неоправдана, се издава наредба за присилно приведување. Тука Законот за кривична постапка е многу јасен, никој нема право да не одговори на поканата од Судот или Обвинителството, изјави Мектиќ за ТВ1.
Тој додаде дека Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) е одговорна за евентуално присилно приведување. Претходно, Обвинителството соопшти дека Додик е повикан да сведочи во предметот што се однесува на неизвршување на Одлуката на Уставниот суд на БиХ поврзан со референдумот за Денот на РС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.