| четврток, 6 декември 2018 |

Во Босна и Херцеговина ќе патуваме само со лична карта

Македонските државјани ќе може да патуваат во Босна и Херцеговина со лични карти.

На денешната седница на македонската Влада е разгледан и прифатен Извештајот за завршени преговори за усогласување на текстот на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти.

По усогласувањето на спогодбата и по ратфикацијата во собранијата, граѓаните од двете земји во Македонија и во Босна и Херцеговина ќе можат да патуваат со лични карти, соопшти владината прес-служба.

Со претходните ратификуавни договори, македонските граѓани само со лична карта може да патуваат и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top