| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца за убиството на Аркан: Семејството уште верува дека случајот целосно ќе се расветли

b-ceca

По повод писмото во кое убиениот полициски генерал, Воислав Јекиќ, директно ги обвинува Радомир Марковиќ (70), поранешен шеф на Државната безбедност и контроверзниот бизнисмен Андрија Драшковиќ за убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, се огласи и вдовицата на Аркан, познатата фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ.

– Нашето семејство целосно верува во државните институции. Тие досега расветлија многу комплицирани случаи, па верувам дека истото ќе се случи и во однос на убиството на мојот сопруг, изјавила Цеца за српските медиуми.

Белградскиот адвокат, Божо Прелевиќ, за писмото на Јекиќ изјави:

– За тоа што Јекиќ го напишал во своето писмо сигурно има и оперативни докази. Но во убиството на Аркан не учествувале само тие двајца. Вклучени се и други. Главното прашање е кој ги ставил парите на маса. Тоа е најзначајното прашање, а тоа нема да се истражува.

Колку за потсетување, Воислав Јекиќ во писмото на крајот на 2000. година навел дека лично Милан Ѓурчиќ – Мики, обвинет за соучество во убиството на Аркан, раскажал се за улогата на Радомир Марковиќ и Андрија Драшковиќ  во ликвидацијата на Аркан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top