Поседувањето на пасош со жолти ѕвездички им ја крена цената на хрватските ергени, на кои преку огласи им се нуди потпишување брачни документи со парнерка од земја што не членка на ЕУ.
– Има ли маж кој сака да се ожени со девојка од Србија поради документи, со паричен надомест?
Во огласот кој се појавил во весникот „Слободна Далмација“, девојка од Србија сака да замине за Германија за да живее и да работи таму, но бидејќи нејзината земја не членка на ЕУ, отежната и е можноста за траен престој.
Жените од регионот се досетиле како да го решат проблемот. Хрватските граѓани можат слободно да се вработата во земјите на ЕУ без посебни одобрувања или работни дозволи, освен во оние земји кои ги задржале постоечките ограничувања во своите национални законодавства.
Во државите во кои за хрватските работници вовеле ограничувања за вработување и преодни периоди, по една година работа со таканаречена ЕУ работна дозвола, како хрватски државјани може да добијат трајна дозвола за работа во таа држава. Србинки, Босанки и Македонки подготвени се да платат за младоженец за кој не е важно како изгледа, туку е битно да има европски пасош.
Освен со брачниот статус, младоженецот го менува и изборот на кариерата, бидејќи, за бракот да има смисла, треба да замине во Германија на работно место кое ќе му го најде невестата. Набргу по неговото доаѓање во Германија и вработувањето, доаѓа и сопругата, која без проблем добива дозвола за престој кај сопругот, кој е државјанин на земја членка на ЕУ. На тој начин девојката нема проблем со престојот и може да си бара работа.
Но ваквиот ангажман подразбира менување на животот на младоженецот, па такви доброволци не е лесно да се најдат. Затоа се нудат големи износи, кои потоа се исплатуваат на рати, бидејќи токму немаштијата ги тера девојките на такви договори, а честопати го немаат полниот износ. Освен тоа, исплатата на рати е гаранција дека новиот младоженец нема да исчезне откако ќе го добие „миразот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.