| четврток, 6 декември 2018 |

Потрошил 20 000 долари за да личи на Бекам: Сите му велат – нека ти ги вратат парите

 

MUST CREDIT SPECIAL  PRICE  APPLIES. RESTRICTIONS APPLY. British footballing star turned fashion icon David Beckham.

 

Дејвид Бекам со сигурност е еден од најпопуларните и најпосакуваните мажи во светот. Иако веќе подолго време не активен во спортот, сеуште е идол на многумина млади, но сепак ова момче малку претерало.

Џек Џонсон (19) одамна бил фан на Бекам, а освен тоа што ја прател неговата кариера, тој до последен детал ја следел и секоја промена на имиџот на Дејвид. Тоа преминало некои нормални граници, па ова младо момче посакало да стане Бекам.

Иако е невработен, тој ја искористил својата државна стипендија за со тие пари да направи пластични операции, пишува Дејли Стар.

11

Џонсон ставил нови заби, ставил филери во усните и ботокс во своето лице.

– Отсекогаш ми се допаѓал изгледот на Бекам, но и неговиот стил на живот. И јас го сакам луксузот. Последниве две години размислувам и смислувам што се би можел да направам за да личам на него, вели Џек.

За оваа своја цел, Џек потрошил околу 20 000 долари. Како вам ви се чини? Успеал ли во својата намера?

22

И покрај неговите инвестиции во изгледот, може да се каже дека сличноста помеѓу изгледот на ова момче и Дејвид Бекам е скоро непостоечка, па по излегувањето на оваа сторија, многумина од корисниците на социјалните мрежи коментираа дека докторите и пластичните хирурзи треба под итно да му ги вратат парите, а има и коментари кои велат дека со ова темпо ќе му требаат уште најмалку 2 милиони долари за барем помалку да почне да личи на својот идол.

33

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top