Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје, кој повеќе години настапува во силната конкуренција на АБА-лигата, првиот натпревар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра во рамките од второто коло (4.10) од новата сезона и тоа против силниот состав на Партизан.
За таа цел управата на клубот одлучи една недела претходно да ги пушти билетите во продажба за овој натпревар, кои ќе бидат по симблична цена од 100 денари. Тие можат да се набават на билетарницата во салата како и онлајн на „Тикетплус“ (ticketplus.mk).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.