| четврток, 6 декември 2018 |

„Ослободување на Скопје“ – македонски кандидат за Оскар

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило Шербеџија е избран за македонски кандидат за „Оскар“ од неанглиско говорно подрачје, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

Филмот бил избран со мнозинство гласови од Комисијата за избор, во состав: Лабина Митевска (претседател), Наум Доксевски, Дејан Дуковски, Петар Богоевски, Роберт Јазаџиски, Мето Јовановски и Игор Василев-Новоградска (членови).

„Ослободување на Скопје“ премиерно беше прикажан на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола на 10 септември и веќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје.

Неговата официјална премиера ќе биде одржана на 1 октомври во киното „Милениум“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top