Момче е задржано на лекување откако синоќа било претепано со палки за бејзбол од страна на неколку лица.
Инцидентот во ЕИК-Скопје бил пријавен вчеравечер во 21.00 часот, а се случил во 18.40 часот на булевар „Србија“, во продавница за спортска опрема, кога повеќе непознати лица со палки за бејзбол физички го нападнале А.Т. (21) од с.Студеничани.
На момчето му била укажана лекарска помош во Градска општа болница, по што било задржано на натамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.