Утврден е идентитетот на лицето кое беше пронајдено со прострелна рана пред станот на градоначалникот на Куманово. Станува збор за К.Т. од Куманово, кој беше пронајден во зградата број 2 на улицата „Васил Драгоманов“, пишува „Прес24“ повикувајќи се на свои извори.
Покрај него бил пронајден и пиштол. Првичниот увид утврдил дека станува збор за оружје што го поседувал со дозвола.
Според непфицијалните извори на дел од медиумит, мажот е бизнисмен од Куманово, кој работи во градежниот сектор и не е станар на зградата во која бил пронајден мртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.