| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите да не ги револтираат пациентите и лекарите

todorov-bolnica

Во врска со актуелните контроли во јавните здравствени установи во Македонија, а за спроведување на проектот „плаќање по учинок“, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека спроведувањето на овој проект примарно е насочен кон заштита на правата на пациентите, како и соодветна валоризација на трудот на здравствените работници, соопшти вчера оваа институција, како реакција на тоа како медиумите ги пренеле изјавите од министерот за здравство, Никола Тодоров, од прес-конференцијата која тој ја одржа денеска.

„Активностите кои министерството ги спроведува никако не се насочени против докторите во јавните здравствените установи. Напротив, со превентивните контроли на внесувањето на податоците, Министерството прави сè за да ги спречи можните штетни последици кои би произлегле од неточниот внес на податоци. На тој начин, сакаме да превенираме, зависно од настаната штета од лажното внесување на податоци, последици од типот на дисциплинска одговорност до кривична осуда“, се наведува во соопштението.

Министерство апелира до медумите, при нивното известување за актуелната состојба, информациите да ги пренесуваат во целост и во духот во кој се дадени и да не ги вадат од контекстот, за „граѓаните да не ги доведуваат во заблуда и за да не се создава непотребен револт и кај здравствеите работници и кај пациентите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top