Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Јапонија, јави ТАСС.
Според податоците на Националната метеоролошка служба, епицентарот се наоѓал во регионот на островот Амами, префектурата Кагошима, на длабочина од 40 километри под површината на земјата.
Нема податоци за жртви или предизвикани материјални штети.
Властите првично објавија тревога за можна појава на цунами, но неколку минути подоцна ја откажаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.