| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозијата во Будимпешта предизвикана од импровизирана бомба

bomba

Експлозијата во којашто двајца полицајци беа повредени вчеравечер во центарот на унгарската престолнина Будимпешта, е предизвикана од импровизирана направа, а била насочена против силите за одржување на редот, соопшти денес унгарската полиција.

Отворена е истрага за обид за убиство и полицијата активно трага по сомнително лице, изјави за медиумите Карои Пап, директот на унгарската полиција. Не посочи на можниот мотив на нападот во кој се тешко повредени 23-годишна полицајка и нејзиниот 26-годишне колега, а нивните животи не се во опасност. Се истражуваат неколку можности, додаде Пап.

– Нашите службеници биле цел на тој напад, мислам дека тоа беше напад врз сите сили за одржување на редот во Унгарија, сакале да ги ликвидираат, истакна Пап.

Полицијата трага по маж меѓу 20 и 25-годишна возраст, со среден раст, околу 170 сантиметри, со светла шапка и со црни патики.

– Ќе го пронајдеме и ќе го откриеме мотивот за нападот, истакна директорот на унгарската полиција објавувајќи награда од 10 милиони форинти, или 32.500 евра, за информација којашто ќе помогне во неговото апсење.

Според државната телевизија, надзорните камери снимиле лица коешто остава торба кусо пред експлозијата.

Инцидентот се случува пред референдумот со кој владата треба да го потврди своето противење на планот за разместување на бегалците по земјите членки што го сакаат некои од челниците на Европската унија. Во кампањата акцентот е ставен на безбедносниот проблем, бидејќи официјална Будимпешта мигрантите директно ги поврзува за терористичките напади во Франција и во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top