Филмскиот фестивал во Кан е познат по премиерите и „моќната“ листа на ѕвезди, вистинска драма се случува зад очите на папараците, објави „Холивуд Репортер“, во репортажата за сексуалната супкултура во градот.
Ескорт- дамите за време на фестивалот заработуваат и над 40 илјади долари на вечер.
„ Putes de luxes“ – како ги нарекуваат скапите проститутки наплатуваат и до 4 илјади долари на вечер, додека „уличарките“ меѓу 50 и 75 долари на час. Така, за време на фестивалот париските проститутки се симнуваат на морскиот брег нарекувајќи го „најдобро платена работа во годината“
Според изјави на проститутки што ги пренесува „Холивуд Репортер“, арапите биле најдарежливи; Шетале низ Кан со купчиња од по 10 илјади долари како а е обична хартија, па ако им се допаднете добро ќе ви платат. Некогаш не ни бројат, им ги даваат на девојките без размислување, додаваат.
Според анализата, девојките стануваат дел од системот кој вклучува девојки од јахтите“.
-Вкотвени се 30 до 40 луксузни јахти, на секоја има по десетина девојки, најчесто фотомодели и манекенки кои шетаат голи или полуголи. Забавата вклучува дрога, пиење и убави девојки коишто на крајот на денот ги чека плик со пари. А така е веќе 6 децении, пренесува „Холивуд Репортер“, па додава,
– Линијата која ги двои професионалките и помалку познатите актерки и модели е многу нејасна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


