Агенцијата за млади и спорт досега доделила околу 3.800 спортски стипендии „Спортска надеж“, со кои секоја година се стипендираат околу 500 млади таленти-надежи од сите спортови и спортски федерации во Македонија.
Годинава ќе бидат доделени уште 500, така што бројот ќе надмине 4.300. За нив досега се инвестирани над 2,5 милиони евра, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска ја посети локацијата каде што се гради училишна спортска сала за ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје.
– Мерката „Спортска надеж“ за млади спортски таленти ја применуваме веќе неколку години и тоа е уште едно ветување што го остваривме. Одлуките кои ќе ги добијат стипендиите ги носат самите федерации, бидејќи тие најдобро ги следат младите спортисти и точно знаат кои од нив се најнапредни, најнадежни, најталентирани. На тој начин Агенцијата за млади и спорт во десет месеци од годината им исплаќа 20 проценти од просечната плата во Македонија како поддршка за нивниот напредок, тренинзите и за се она што им е потребно, а што е зголемен трошок за родителите чии деца се занимаваат со спорт и се талентирани, изјави Груевски.
Нагласи дека во спортот доосега се инвестирани повеќе од 100 милиони евра во инфраструктура и потсети на новите четири мерки во областа на спортот кои ги најави минатата недела.
– Тие сериозно ќе придонесат во директното финансирање на спортот, спортските кклубови, спортските федерации, на спортистите и тоа ќе биде голема помош за нив, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски